Повредата на Тер Штеген во септември минатата година значеше дека раководството на Барселона мора итно да реагира и да ангажира нов голман. Изборот падна на Војќех Шченсни, голман кој веќе беше во пензија, па многумина беа скептични околу оваа одлука.
Сепак, ангажманот на полскиот голман се покажа како вистински потег за Каталонците, па Шченсни сега е незаменлив меѓу стативите. Ханси Флик сака голманот да остане уште една сезона, а според менаџерот на полскиот голман, и тој нема ништо против тоа да се случи.
„Лесно ќе постигнеме договор со клубот за продолжување на договорот. Тој е задоволен во Барселона и Барселона е задоволна од него, ќе биде лесно“, рече менаџерот на Шченсни, Џонатан Барнет.