Хрватската одбрана ќе биде на мака, Французите имаат неверојатен напад

Репрезентациите на Хрватска и Франција утревечер на „Пољуд“ во Сплит ќе го одиграат првиот меч од плејофот во Лигата на нациите, а хрватскиот селектор Златко Далиќ е свесен дека одбраната на неговиот тим ќе има тешка задача.

Сите седуммина офанзивци кои ги има на располагање Франција, сезонава се во добра форма. Предничат Килијан Мбапе и Усман Дембеле, но и останатите се во топ форма и ќе бидат опасност по голот на Хрватска.

Францускиот селектор Дидие Дешан има луксуз на клупата за резерва да остави играчи како Маркус Турам, Рандал Коло Муани, младиот Дезире Дуе, а ќе бира дали покрај Дембеле и Мбапе, кои сезонава имаат по 30 гола, во ударното напаѓачко трио да биде Олисе од Баерн или Баркола од ПСЖ. Двајцата имаат „дабл-дабл“ сезонава, двоцифрен број голови и асистенции за своите клубови.

- Оглас -

Најнови вести