Откако на социјалните мрежи се појави информација дека има повредени лица од трагедијата во Кочани на лекување во италијанските градови Пиза и Милано, реагираше и најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ, кој игра за Армани од Милано и живее во овој град.
„Што и да треба во Милано, каква било помош, слободно исконтактирајте ме тука“, се понуди Димитријевиќ како одговор на објава дека е потребна помош за пациентите и нивните семејства околу преводот и други работи.