Најлуда шпекулација годинава: Има опција Кристијано како позајмен да игра за Реал Мадрид на Светското клупско!

Кристијано Роналдо би можело да игра за Реал Мадрид на Светското клупско првенство кое летово ќе се одржи во САД, објавија некои шпански медиуми.

Така клубот би му дал можност на легендарниот напаѓач и прв стрелец во историјата на Реал да го одигра последниот танц со Кралскиот клуб, од кој си замина во 2018 година.

Иако за некои звучи идилично, враќањето на КР7 во клубот е невозможна операција. Клубот на чело со претседателот Флорентино Перес не сака да ангажира 40-годишен играч и Реал ги отфрли овие неосновани гласини, па играњето на Роналдо за Реал останува во минатото.

- Оглас -

Најнови вести