Новак Ѓоковиќ е во Мајами, каде што се подготвува за настап на Мастерсот на кој нема играно уште од 2019 година, и ќе се обиде да ја освои 100-тата АТП титула во кариерата, а снимен е со својот нов скапоцен автомобил.
Новак на еден паркинг доаѓа со темнозелено „порше 911 турбо С кабриолет“. Цената на оваа „ѕверка“ од 650 коњски сили во слободна продажба е 275.000 евра. Автомобилот има неверојатно забрзување и од 0 до 100 километри на час може да развие само за 2,8 секунди, а максималната брзина е 330 км/ч.