Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, се надева дека ќе остане во клубот и следната сезона. Триесет и деветгодишниот играч за врска сака да го продолжи договорот со шпанскиот гигант за уште една година.
Актуелниот договор на Хрватот со Реал Мадрид е до 30 јуни 2025 година, но набрзо ќе треба да биде решено дали ќе остане и следната сезона, со оглед дека ФИФА ќе дозволи преоден рок и пред почетокот на Светското клупско првенство.
Оваа сезона Модриќ одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и седум асистенции за Кралевите.