Првото коло по репрезентативната пауза во Првата фудбалска лига е закажано за 31-ви март (понеделник), со почеток во 15 часот. Оваа одлука комплетното коло да се одигра ден подоцна е затоа што на 31 март (недела) се празнува првиот ден на Рамазан Бајрам. Воедно, поради трагичниот настан во Кочани, пред самиот почеток на секој натпревар со минута молчење ќе се оддаде почит на трагично загинатите лица во Кочани.
Во ова коло фокусот ќе биде ставен на дербито меѓу Пелистер и Вардар, кое ќе се одигра на стадионот „Петар Милошевски” во Битола на 29 март.
Домаќинот Пелистер предмалку објави дека мечот ќе биде одигран во терминот од 15 часот и дека на тој ден нема услови за одигрување на дербито во вечерен термин.
Комисијата за натпревари на ФФМ исто така донесе одлука и за редовното 28-мо коло од Првата лига поради празникот Велигден (20 април) да се одигра в сабота (19 април).