Српската фудбалска репрезентација утре го игра првиот меч од двомечот против Австрија во обид да остане во А сегментот од Лигата на нациите. Селекторот Драган Стојковиќ-Пикси вели дека Австрија ја има улогата на фаворит, но дека има и реванш кој се игра во Белград.
„Имаме многу кадровски проблеми. Некои играчи се повредени, некои се суспендирани и нема да бидеме во најдобриот состав. Ова е двомеч на кој „првото полувреме“ се игра во Виена, а „второто полувреме“ во Белград. Нека биде дека Австрија е фаворит, но ние од нашата страна ќе се обидеме да одиграме квалитетен меч. Поседуваме и квалитет и борбеност, но без двоумење би потпишал да заврши нерешено мечот во Виена“, вели предводникот на српската репрезентација, Стојковиќ-Пикси.