Мадрид ќе биде домаќин на финалето во Лига на шампиони во 2027, но тоа нема да биде на „Сантијаго Бернабе“

Стадионот на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“ ќе иде домаќин на финалето во Лига на шампиони во 2027 година. Шпанските медиуми пренесуваат дека стадионот на Атлетико ја добил довербата да биде домаќин на најважниот дуел во ЛШ во 2027 година.

Официјално домаќинот ќе биде објавен во мај оваа година, но претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Рафаел Лузан се пофали дека Мадрид ќе добие уште едно домаќинство за ЛШ.

Интересно е дека „Метрополитано“ беше домаќин на финалето во ЛШ во 2019 година меѓу Ливерпул и Тотенхем, кога Црвените од „Енфилд роуд“ славеа со 2:0.

Во конкуренција за домаќин на финалето во 2027 година беше и Сан Сиро, како и стадионот во Баку. Иако прва опција беше „Сан Сиро“ во Милано, овој стадион испаднал од игра, па мадридскиот стадион ја доби трката со главниот град на Азербејџан.

- Оглас -

Најнови вести