Славниот босански фудбалер Един Џеко кој се здоби со скршеница на носот при еден дуел со Романецот Михаи Попеску, на социјалните мрежи објави фотографија и им покаѓа на своите следбеници како изгледа во моментов.
Со фластер преку носот и десна рака во завој, тој како додаток на фотографијата ја стави и музиката од филмот „Роки“, асоцирајќи на изгледот на ликот Роки кој изгледаше и многу полошо при боксерски меч.
Верувале или не, Џеко рекол дека сака да игра утре против Кипар.
Коментар на Џеко му остави Марио Балотели кој му порача: „Убаво изгледаш вака“.