Барса го сакаше и го доби Јунајтед, премијата за Ливерпул

Ајакс – Јувентус, Ливерпул – Порто, Тотенхем – Манчестер сити и Манчестер јунајтед – Барселона се двојките за четвртфиналето од Лигата на шампионите. Ова е исходот од денешната ждрепка во Нион.

Јуве последната европска титула ја освои во 1996 година, кога во финалето го совлада Ајакс. Ливерпул ја доби премијата, англиско дерби ќе играат Тотенхем и Сити, додека Јунајтед немаше среќа и ќе игра со Барселона.

Првите мечеви се играат на 9 и 10 април, а реваншите една недела подоцна, на 16 односно 17 април. Сега следува извлекувањето и на потенцијалните полуфинални двојки.

- Оглас -

Најнови вести