Кејн во Баерн ќе го разбие малерот, па летово ќе се врати во Премиер лигата?

Според пишувањата на шпански „Ел Насионал“, Хари Кејн летово би можел да го напушти Баерн Минхен, иако неговиот договор со германскиот гигант истекува во јуни 2027 година.

Се шират гласини дека Кејн сака да се врати во англиската Премиер лига, а како најверојатна дестинација се споменува Ливерпул, клуб кој летово веројатно ќе направи голема реконструкција на тимот.

Кејн би сакал да заигра во Ливерпул, а Црвените ќе треба да платат 90-100 милиони евра за напаѓачот на Баерн и капитен на англиската репрезентација.

Кејн за десет сезони во Тотенхем постигна 213 голови во Премиер лиугата и втор е на вечната листа зад легендарниот Алан Ширер со 260 гола.

Англискиот напаѓач уште нема титула во кариерата, но малерот би требало да го разбие сезонава, Баерн е многу блиску до освојување на Бундеслигата, а потоа би се вратил во татковината и би се обидел да го надмине рекордот на Ширер и да стане најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести