Јувентус попладнево официјално се раздели со Тијаго Мота, а за нов шеф на стручниот штаб го наименува Хрватот Игор Тудор кој од утре почнува со тренинзи.
Членови на раководството на Старата дама телефонски го информирале Мота дека ќе му дадат отказ. Инаку Мота во моментов е со семејството во Португалија.
Директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли, во разговорите со тренерот Тијаго Мота околу раскинот на договорот, дрско му рекол на бразилскиот Италијанец дека „се срами што го ангажирал“.
Се шпекулира дека и Џунтоли може да биде избркан од Јуве ако тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона. Одлуката Мота да биде тренер, лани ја донел Џунтоли и затоа директорот се чувствува предаден и засрамен.