Попов играше за Херенвен со дрес во чест трагично загинатиот Андреј Лазаров (Видео)

Некогашниот македонски фудбалски репрезентативец Горан Попов беше дел од ревијален меч кој го организираше неговиот поранешен клуб Херенвен. Овој натпревар беше по повод 30 години од отворањето на стадионот „Абе Ленстра“, домот на Херенвен.

Попов на овој меч беше во дресот со бројот 3 на кој беше напишано името на Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи кој трагично го загуби животот во трагедијата во Кочани.

На овој натпревар играа и некогашните големи ѕвезди Руд ван Нистелрој, Даниел Прањиќ, Миралем Сулејмани… Попов го носеше дресот на Херенвен во период од 2008 до 2010 година, а се радуваше на титула во Купот.

- Оглас -

Најнови вести