Зидан потврди дека ќе има големи промени во Реал

Зинедин Зидан повторно е „газда“ во тимот на Реал. Францускиот стратег пред 10 месеци си даде отказ, но сега по само 284 денови повторно се врати на клупата на гигантот од „Сантијаго Бернабеу“. Зидан утре го има големото враќање на клуата, а Реал игра против Селта Виго, а на првата официјална прес конференција зборуваше за претстојните идеи.

„Нема да зборувам за тоа како играл Бејл сезонава. Останаа 11 меча до крајот на сезоната и на него ќе сметам како и на секој друг играч. Герет е подготвен за игра“, вели Зидан, кој во првиот мандат не го „мирисаше“ многу Велшанецот, но не смее да се заборави дека Бејл даде неколку многу важни погодоци, а посебно се памтат тие во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Со враќањето на Зидан, во стартниот тим се очекува враќање и на Марсело и Иско. Зизу вели дека двајцата се подготвени и возбудени го очекуваат дуелот со Селта.

Што се однесува до засилувањата, Французинот не сакаше многу да збори, иако на сите им е јасно дека во прв план е доведување на ѕвездите од ПСЖ, Килјан Мбапе и Нејмар.

„Нема да зборувам за играчи кои не се во мојот тим, но можам да ви кажам дека Нејмар и Мбапе се двајца одлични играчи. Сепак, сега размислувам за дуелот против Селта. Би сакал да тренирам квалитетни играчи, но мислам дека сега не е време да зборуваме за можни засилувања“, заврши Зидан.

Реал Мадрид моментно е на третото место на табелата со 51 бодови, 12 помалку од лидерот Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести