Фенербахче ја забележа и 22-та победа на 26. натпревар во Евролигата, а пеколниот финиш на лидерот беше клучен за нов успех, вечерва против Барселона.
Каталонците одлично се држеа три четвртини, имаа предност од 9 поени пред стартот на последниот период и потоа тргна фуриозната игра на Фенербахче.
Костас Слукас со 22 поени го предводеше пресвртот, а домаќините ја добија последната четвртина со 36:21 со што успеаја и да слават со 88:82.
Мухамед Али постигна 19 поени за Фенербахле, додека кај Барселона Јака Блажиќ беше најефикасен со 15 поени.
Претходно Панатинаикос направи изненадување со победа од 78:77 во Москва против ЦСКА.
Гостите анулираа негатива од шест поени на полувремето и успеаја да забележат значаен триумф во битката за влез меѓу осумтте најдобри во Евролигата.
Дешон Томас беше прв стрелец со 12 поени во компактниот состав на Панатинаикос, а најефикасен на мечот беше кошаркарот на ЦСКА, Серхио Родригес со 23 поени.