Ботас го победи Хамилтон, без Ферари на подиумот

Валтери Ботас од Мерцедес триумфираше на трката за Големата награда на Австралија, на првата трка сезонава во Формула 1. Тој победи со 20 секунди предност пред клупскиот колега Луис Хамилтон. Трети беше Макс Верстапен од Ред Бул со заостанување од 22 секунди, а на четврта и петта позиција со нешто помалку од една минута заостанување беа возачите на Ферари, Себастијан Фетел односно Шарл Леклерк.

Има една убава традиција која вели дека кога при „еден-два“ победи на еден тим, тој пилот што победувал во Мелбурн, на крајот на сезоната станал и шампион. Ботас во минатата сезона не победи ниту еднаш, но овојпат беше поуспешен од првакот Хамилтон кој не успеа шестата пол-позиција по ред во Мелбурн парк да ја претвори во триумф.

Наредната трка е на 31 март во Бахреин.

- Оглас -

Најнови вести