Кој клуб потрошил најмногу пари од 1991 година до денес? (Видео)

Неверојатно е колку многу пари се трошат за доведување нови фудбалери во европскиот фудбал. Пари Сен Жермен ги направи двата најголеми трансфери во историјата на фудбалот откако потроши 222 милиони евра за Нејмар и 180 милиони евра за Килјан Мбапе.

Иако ПСЖ ги има двата најскапи трансфери во историјата, сепак за францускиот првак го нема ниту во топ 5 најголемите трошаџии од 1991 година досега. По направените пресметки за тоа кои клубови колку потрошиле во изминативе речиси три децении, се дојде до интересни резултати.

Манчестер сити е клубот кој има потрошено најмногу пари за купување нови играчи од 1991 година досега. „Граѓаните“ имаат дадено неверојатни една милијарда и 300 милиони евра за нови играчи. По Сити, следуваат уште два англиски премиерлигаши. Челзи е втор со потрошени милијарда и 100 милиони, а над милијарда има потрошено и Манчестер јунајтед.

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се на четвртото и петтото место. Кралскиот клуб е стигнат до бројката 990.820.000 евра, а Каталонците се со потрошени 926.670.000 евра. Меѓу 10-те најголеми трошаџии има место и за ПСЖ, Интер, Милан, Јувентус и Ливерпул.

На следниот видеоприказ може да видите како трошеле клубовите низ годините и како се менувале на местата на најголеми трошаџии во Европа.

- Оглас -

Најнови вести