Суарес нема да игра за Уругвај, но за Манчестер јунајтед ќе биде подготвен

Повредата на Луис Суарес заработена на синоќешниот меч против Бетис не е толку сериозна, беше потврдено по направените детални лекарски прегледи. Суарес нема да пропушти ниту еден меч за Барселона, но сепак нема да биде подготвен за претстојните репрезентативни дуели на Уругвај.

Националниот тим на Уругвај во овој период ќе одигра два контролни меча на Купот на Кина. Прв противник ќе им биде Узбекистан, а средбата се игра в петок. Потоа, во зависност од резултатите, Уругвај ќе игра или со Кина или со Тајланд.

Суарес го повреди зглобот на десната нога, а според препораките на лекарите, ќе мора да паузира во следнитее 10-15 дена. Следниот меч на Барселона е дури на 30 март, кога на „Камп ноу“ ќе гостува градскиот ривал Еспањол. Дури и да не може да игра на овој меч, се очекува „Канибалот“ да биде подготвен за тешкото гостување на 2 април кај Вилјареал.

Барселона речиси сигурно ќе ја одбрани титулата во Примера дивисион, а многу поважни ќе бидат дуелите од Лигата на шампиони. На 10 април каталонскиот гигант ќе го игра првиот меч од четвртфиналето против Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести