Челзи испрати жалба до УЕФА

Во реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на Европа меѓу Динамо Киев и Челзи, навивачи на украинскиот тим упатиле расистички навреди кон еден од играчите на „сините“, Калум Хадсон-Одои. Инцидентот се случил во второто полувреме, младиот Англичанец веднаш се пожалил на капитенот Аспиликуета, а овој по мечот ги пренел овие информации до главниот арбитер Тобијас Стилер.

Како што ѝ открил Хадсон-Одои на управата на клубот, навивачите на Киев со мајмунски звуци го нападнале, по што од таборот на Челзи истпратиле жалба до УЕФА за да се покрене дисциплинска постапка против Динамо.

„Можеме да потврдиме дека еден наш играч беше цел на расистички напад за време на натпреварот против Динамо кој се одигра во Киев. Очекуваме УЕФА да го истражи овој случај, ние сме подготвени да помогнеме во истрагата“, стои во соопштението на Челзи.

Избраниците на Маурицио Сари го добија дуелот против Динамо Киев со 5-0, а Хадсон-Одои беше стрелец на последниот гол.

- Оглас -

Најнови вести