Шахтар во ново сафари со „лавови“

Шахтар Донецк повторно ќе оди на сафари со „лавови“ и вечерва на „Стад Жерлан“ ќе се обиде да ги скроти француските лавови од Лион. Во меч од Лигата на шампионите двете екипи ќе се обидат да го задржат добриот старт. Украинците очекуваа победа против Хофенхајм, но со оглед на тоа како се одвиваше мечот, треба да се задоволни и со ремито 2-2, бидејќи имаа негатива од 0-1 и 1-2.

Лион приреди сензација со триумфот во Манчестер против Сити со 2-1 и вечерва ќе бие битка за втора победа и чекор поблиску до нокаут-фазата.

Украинците пристигнаа на „Стад Жерлан“ со победа од 6-1 против Карпати во домашното првенство. Против екипа, која, исто како и Лион, го носи прекарот „лавови“. Но, француските „лавови“ се многу посериозен и потежок ривал за Шахтар од Карпати и немаат пораз од денешниот ривал.

На двата досега одиграни дуели, пријателски, Лион еднаш победи со 4-1 и еднаш ремизираше, 1-1 против Шахтар. Вечерва за првпат играат меч во Лигата на шампионите, а ќе се игра пред празни трибини. Лион е казнет со еден меч без публика поради ланските инциденти на навивачите во дуелите од Лигата на Европа.

 

<script>
var pid=1861166;
var nb=16;
</script>

- Оглас -

Најнови вести