Ќе му скршеа рака на дете само за да стигнат до дрес (Видео)

Атлетико Минеиро со 3-2 славеше против Америка МГ во еден од поинтересните мечеви во бразилското првенство. Јунак на домаќините беше Алерандо, кој постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот во 91-вата минута. По завршувањето на мечот, Алерандо реши да израдува едно мало дете, па го соблече дресот и му го фрли на трибината.

Детето беше радосно што доби дрес од својот омилен клуб, но неговата среќа траеше неполни 2-3 секунди. Неколку повозрасни навивачи веднаш му се нафрлија на детето и му го зедоа дресот. Дури не ни внимаваа, па успеаа да му ја повредат раката на детето.

Редарите кои беа во близина не реагираа, а таткото на детето беше немоќен да го врати дресот на својот син.

Оваа ситуација која беше забележана на камерите ја виде и фудбалерот за чиј дрес настана метежот, па реши повторно да го усреќи детенцето. Бразилецот изјави дека сака лично да му даде дрес на малиот навивач, а потоа го покани и да присуствува на еден од тренинзите на Атлетико Минеиро.

- Оглас -

Најнови вести