Мбапе ќе постави нов светски рекорд за еден трансфер

Килијан Мбапе ќе го надмине светскиот рекорд на Нејмар по сумата за еден трансфер на фудбалер. Ова го тврди Жозе Мурињо, кој по добивањето на отказот од Манчестер јунајтед, сега работи како фудбалски аналитичар на телевизија.

„Не можам да кажам дали тоа ќе биде за пет или 10 години, но тој во моментов е неверојатен. Возраста е многу важна при остварување на еден трансфер, а според тоа, Мбапе е најскапиот фудбалер во светот во моментов. Ако некој реши да го купи, тоа ќе биде трансфер за светски рекорд“, вели Мурињо.

За Мбапе веќе беа дадени 180 милиони евра, кога од Монако пристигна во Пари Сен Жермен. Тоа е вториот најскап трансфер во историјата, веднаш зад Нејмар, кој му е соиграч. „Светците“ за Нејмар платија 222 милиони евра, а според Мурињо, овој рекорд ќе биде надминат токму од Мбапе.

За Мбапе се интересираат повеќе европски гиганти, но најчесто се споменува дека тој е главна цел на Реал Мадрид, но францускиот репрезентативец засега не мрда од Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести