„Рисовите“ се комплетираа, нека му ја мисли Летонија

Со пристигнувањето на Столе Димитриевски и негово приклучување кон тимот, се комплетираше фудбалската репрезентација во пресрет на дуелот со Летонија в четврток со што ќе се означи почеток на квалификациите за Европското првенство 2020 година. Синоќа стигнаа и „Италијанците“ Пандев, Несторовски и Трајковски, па селекторот Игор Ангеловски ги има сите фудбалери на располагање.

Македонските репрезентативци веруваат дека Летонците не се противник кој не можат да го победат и дека успешно ќе ги стартуваат овие квалификации.

Денеска „црвено-жолтите“ ќе одработат два тренинзи, со тоа што вечерва ќе се работи повеќе на техничко-тактички план.

- Оглас -

Најнови вести