Сезона во знакот на Харден: Против сите екипи во НБА постигнал барем 30 поени

Хјустон ноќеска ја оствари 45-тата победа во регуларниот ден од сезоната во НБА откако на гостувањето кај Атланта хокс „ракетите“ славеа со 121:105. Гостите ги предводеше Џејмс Харден со 31 поен и 10 скока, а со учинокот испиша историја во најатрактивната кошаркарска лига.

Имено, тој стана првиот кошаркар во историјата на НБА што постигнал 30 или повеќе поени против сите екипи, и тоа во една сезона. Пред него, овој рекорд го држеше Коби Брајант, кој во сезоната 2005/06 постигна 30+ поени против 28 екипи, но Брадата ноќеска ја надмина таа бројка за еден тим повеќе.

https://twitter.com/HoustonRockets/status/1108190512979288064

Најкорисниот кошаркар за минатата сезона повторно е фаворит за освојување на МВП-наградата. Харден сезонава игра на високо ниво во континуитет, урна неколку рекорди, а имаше и неверојатна низа од 32 последователни меча на кои постигнуваше најмалку 30 поени.

Од екипите кои оваа сезона најмногу страдаа од него се Њујорк (61 поен), Бруклин (58 поени) и Вашингтон (54 поени), додека точно на граница (30 поени) постигна против Чикаго и Шарлот.

Погледнете ги најдобрите моменти од мечот за историја на Џејмс Харден:

- Оглас -

Најнови вести