Падна договор: Барселона ќе го купи и другиот „бисер“ на Ајакс

Барселона е на прагот да го официјализира трансферот на Матајс се Лихт од Ајакс, 19-годишниот холандски дефанзивец ќе се пресели на „Камп ноу“ по крајот на оваа сезона за сума од 60 милиони евра. Талентираниот стопер ќе ги следи стапките на својот колега Френки де Јонг, кој пред неколку месеци им кажа „ДА“ на Каталонците и за 75 милиони евра ќе биде нов играч на шпанскиот првак.

Де Лихт се одлучи за Барса пред ПСЖ, Јувентус, Баерн Минхен и Манчестер сити, а како што информира шпанскиот медиум „Спорт“, младиот Холанѓанец го очекува богат договор на пет години. Иако тој има само 19 години, на теренот покажува зрелост, додека сезонава е најмладиот капитен во Лигата на шампионите.

Претставувањето како ново засилување ќе се случи по крајот на сезоната, а од таборот на Ајакс можат да бидат задоволни бидејќи од најголемите таленти во составот заработија неверојатни 135 милиони евра. Каталонците веруваат дека со купувањето на Де Лихт, осигурија долгогодишна замена за Жерар Пике.

- Оглас -

Најнови вести