Челзи со скандалозна анализа: Како да се повреди Меси!

„Деко лесно паѓа, а Роналдињо е измамник. Меси е неверојатен во игра еден на еден. Ако како опција се бара прекршок, тоа треба да се направи порано. Тој неодамна беше повреден“,  е само дел од скаутинг-извештајот на Челзи пред мечот со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите во 2006 година. Овие скрипти се објавени на „Перформанс-анализа во акција“.

Англиските медиуми пишуваат дека тоа е скаутинг на тогашниот тренер на Челзи, Жозе Мурињо, но португалскиот менаџер жестоко демантираше.

„Жал ми е што ќе ги разочарам сите оние кои мислат дека јас сум го пишувал овој извештај бидејќи не е така. Последната анализа која ја имам правено е од сезоната 1999/2000. Моите анализи, за разлика од овој извештај, никогаш не биле јавни. Тие ми помагаа да се подготвам за тренинг и за мечевите. Службените анализи секогаш ги прават аналитичарите и помошниците, а јас никогаш“, рече Мурињо.

Иако Мурињо тврди дека никогаш не правел анализи и извештаи за играчите на Барселона, многу веројатно е дека овој извештај го имал на своето биро, односно да го правеле некои од неговите помошници. Тоа го покажува и текот на мечот, поради начинот на којшто се однесуваа дел од играчите на Челзи. Уште од првата минута започнаа со остри стартови врз Меси.

„Исклучиво игра со лева нога. Квалитетен е и брз. Неверојатен во игра еден на еден. Ако како опција се бара прекршок, тоа треба да се направи порано. Тој неодамна беше повреден“, стои во анализата. Дали е случајно или не, но играчит на Челзи, Дел Орно во 37-мата минута остро стартуваше над Меси и за тоа доби директен црвен картон.

Меси и Ето биле означени како лидери на тимот, Пужол како лош лидер на теренот, кој лошо знае да се снајде во простор. Рафаел Маркез дека е најголемиот глумец, дека сите играчи на Барселона сакаат да симулираат пенал или фаул, а Роналдињо како измамник.

Оваа анализа на Челзи на крајот не помогна многу бидејќи Барселона победи со 2-1 на „Стемфорд бриџ“, на реваншот на „Камп ноу“ мечот заврши 1-1, а Каталонците поминаа понатаму. Таа сезона Барселона стана и европски првак.

- Оглас -

Најнови вести