Спортска Србија ја чека свадбата на годината

Милош Ивановиќ и Драгана Џајиќ на 25 мај во еден белградски хотел ќе прават свадбена церемонија и оваа венчавка во Србија се најавува како спортска свадба на годината, иако ниту еден од младоженците не е спортист.

Милош е брат на тенисерката Ана Ивановиќ, додека Драгана е ќерка на некогашниот славен фудбалер подоцна и долгогодишен директор на Црвена ѕвезда, Драган Џајиќ, па меѓу гостите ќе има еден куп познати лица од светот на спортот.

 

Манекенката и дизајнерка и бизнисменот имаат по 27 години, а се верија есеноска, но дури завчера за првпат се појавија заедно во јавност и го привлекоа вниманието на медиумите.

- Оглас -

Најнови вести