Погба откри зошто Мурињо беше избркан од Манчестер

На заминувањето на Жозе Мурињо од тренерската функција во Манчестер јунајтед, најмногу се израдува Пол Погба, кој не беше во добри односи со Португалецот, а сега, три месеци подоцна, најскапиот играч на „црвените ѓаволи“ вели дека има само една причина поради која клубот го избрка Мурињо.

Лошите односи на Мурињо со некои од главните играчи, во прв ред Погба, не се причината за разделбата, туку лошите резултати.

„Проблеми со Мурињо? Единствените проблеми беа што тимот не победуваше. Тоа е причината поради која раководството реши да го смени менаџерот. Резултатите се од најголемо значење за таков огромен клуб и кога резултатите не се добри, се бара излез. Ако победувавме, тренерот немаше да биде сменет. Тоа е вистината“, вели Погба.

Инаку, Погба вчера и денеска е интересен за шпанските медиуми поради изјавите поврзани со Реал Мадрид и Барселона. Погба кажа дека сон на секој фудбалер е да игра за Реал, особено со Зинедин Зидан на клупата, и дека Барса е најдобар тим со најубав фудбал и со специјален фудбалер во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести