Хуан Карлос Наваро уште минатиот месец соопшти дека се повлекува од активното играње кошарка, а денес и официјално стави крај на својата богата кариера. Популарниот „Ла Бомба“ беше член на Барселона од 1997 година, додека само една сезона мина во редовите на Мемфис Гризлис во НБА лигата, пред повторно да го облече каталонскиот дрес.
Во текот на кариерата Наваро два пати беше шампион во Евролигата (2003, 2010 година), Шпанија ја покори дури осум пати, додека на репрезентативно ниво осови едно злато на СП во 2006 година, и две злата на ЕП (2009, 2011 година). Наваро брои и две сребрени и еден бронзен медал од Мундобаскетот, додека од Олимписките игри исто така брои две средба и една бронза.
Во европската кошарка ќе остане запаметен како еден од најдобрите шутери во историјата, поради неговата прецизна десница го доби и надимакот „Ла Бомба“. Дресот со број 11 кој го носеше Наваро, Барса ќе го повлече од употреба на закажаната церемонија на 25-ти септември, кога се игра и првото овосезонско кошаркарско „Ел Класико“.
Наваро ќе остане во таборот на Барселона, ќе работи како тренер на младинските селекции на каталонскиот гигант.