На Селина му се смееја во Англија, но за Косово ги тресе мрежите на противниците

Берсант Селина е играчот кому му се смееја навивачите откако несмасно реагираше при изведување на пеналот на дуелот ВБА – Свонси. Косовскиот репрезентативец се лизна и воопшто не успеа да шутне, па стана цел за потсмев. 

Сепак дека е квалитетен играч, Селина потврдува во дресот на косовската репрезентација. Вечерва тој беше стартер на мечот против Данска и успеа да даде гол против некогашниот европски првак. Селина погоди во 66-тата минута, кога го доведе Косово во водство од 2-1. Во 71-вата минута Селина излезе од игра, но покажа дека има квалитет и ќе биде еден од најопасните следната година, кога Македонија ќе игра против соседот во полуфиналето од плејофот на Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести