Хрватската претседателка го искара селекторот за тактиката

Хрватска синоќа се намачи, но на крајот ги освои планираните три бода на дуелот против Азербејџан (2-1) во првото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2020. На трибините на стадионот „Максимир“ во Загреб беше и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ. Таа дури и го искара селекторот Златко Далиќ дека играл премногу претпазливо и затворено.

„Можеше да биде подобро, но со оглед на тоа дека ова е прв меч на оваа постава, беше океј. До мечот против Унгарија ќе мора подобро да се воиграат играчите и мислам дека тоа ќе биде подинамична средба. Се гледаше дека доминираме, но премногу играчи имавме на средината на теренот и во одбраната. Јас би сакала малку поофанзивно да играме и да бидеме поагресивни. Знаете како викаат ‘Нема ризик, нема добивка’. Ќе одам да го гледам мечот и во Будимпешта и очекувам нова победа“, рече претседателката на Хрватска за тамошните медиуми.

 

- Оглас -

Најнови вести