Репрезентацијата на Полска победи на тимското натпреварување во скијачки летови кое се одржа на легендарната Планица во Словенија. Полска настапи во состав Јакуб Волни, Камил Штох, Давид Кубацки и Пјотр Жила, квартет кој вкупно гледано, имаше најдолги летови и најдобри оценки од сите противници.
Втори беа Германците со Гајгер, Шмид, Фрајтаг и Ајзенбихлер, додека домашната Словенија го освои третото место. За Словенија настапија Семенич, Зајс и браќата Превц.
Простување од овој спорт имаше Роберт Крањец, кој имаше лет од 213 метри на крајот на првата сесија, и беше поздравен од над 20.000 гледачи кои дојдоа на „великанката“ во близина на Крањска Гора. Најдолг лет имаше Германецот Маркус Ајзенбихлер, кој леташе 246 метри.