Како Ф1 пилотот Рикијардо доби прекар авокадо? (Видео)

Формула 1 пилотот Даниел Рикијардо, од неодамна има прекар авокадо, а интересно е како дојде до тоа да го викаат по тропското овошје. Во анкета на телевизија, еден млад фан беше запрашан кој ти е омилен пилот, и детето кажа Дани Авокадо. Сакаше да каже Рикијардо, но не можеше да го изговори правилно презимето, па кажа авокадо и стана хит.

Рикијардо ја прифати шегата, се запозна со малиот Луис Поуп, кој несакајќи на Ф1 пилотот му даде прекар кој веројатно ќе му остане засекогаш. Рикијардо на Луис му даде авокадо, а си разговараа и за девојки и ноќни клубови.

Се разбира, сеирџиите по социјалните мрежи одвај чекаа ваква прилика и сега може да се сретнат многу монтирани фотографии на Рикијардо со авокадо на главата, или авокадо со ликот на пилотот на Рено во средината.

Кон шегите се приклучи и Луис Хамилтон. Светскиот првак објави слика од нив двајца и напиша „Авокадо и Хам“. Хам на англиски е шунка. Рикијардо одговори: „Хахаха. Супер сендвич“.

https://twitter.com/i/status/1106873690933858304

 

- Оглас -

Најнови вести