Без никакви изненадувања поминаа денешните осум мечеви кои беа на програмата во квалификациите од Лигата на шампионите. Репрезентациите кои ја имаа улогата на фаворити, на крајот и стигнаа до три бода. Немаше ниту еден нерешен резултат, иако па ниту една победа не е со победе од два гола разлика.
Некогашните европски и светски прваци, Италија и Шпанија беа успешни на свој терен. Италија со 2:0 ја победи Финска и тоа благодарение на погодоците на Николо Барела од Калјари во 7 минута и големиот талент на Јувентус Моис Кејн во 74 минута.
За разлика од „аѕурите“, Шпанија повеќе се намачи, но стигна до триумф од 2:1 против Норвешка. Родриго погоди за домаќините во првиот дел, а Норвешка од пенал во 65 минута со голот на Кинг израмни на 1:1. Сепак, само шест минути подоцна, беше досуден и пенал за домаќините, а прецизен беше Серхио Рамос за победа на „црвената фурија“.
По два гола за победа дадоа и Босна и Херцеговина против Ерменија, како и Грција на гости кај Лихтенштајн. Интересно е што седум од осумте средби кои се играа денеска, завршија со 2-3 гола. Единствено Ирска даде еден гол на гости кај Гибралтар и тоа е како најголемо изненадување, што немаше повеќе погодоци на овој дуел.
Резултати: Грузија – Швајцарија 0:2, Гибралтар – Ирска 0:1, Малта – Фарски Острови 2:1, Шведска – Романија 2:1, Босна и Херцеговина – Ерменија 2:1, Италија – Финска 2:0, Лихтенштајн – Грција 0:2, Шпанија – Норвешка 2:1.