Ѓорческа го загуби и второто финале во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го загуби и второто финале на ИТФ фјучрсот во Анталија, Турција, турнир кој се играше за награден фонд од 15.000 долари.

По вчерашниот пораз во финалето во двојки, денеска Лина е поразена и во поединечна конкуренција. Австралијката Сеное Мендез победи со 2-0 во сетови.

Австралијката има 19 години, а клучен за нејзината победа и титула во Анталија беше првиот сет што го доби со 6:4.

Во вториот сет, Мендез не ѝ дозволи на првата носителка на турнирот да освои ниту еден гем, го одби со 6-0 и заслужено го освои трофејот во Анталија.

- Оглас -

Најнови вести