Мурињо знае кои два клуба ќе играат во финалето од ЛШ

Жозе Мурињо и понатаму е без работа како тренер, но затоа продолжува со интересни изјави и анализи на фудбалски теми. Португалскиот стратег, кој во декември доби отказ од Манчестер јунајтед, посочи дека има два изразити фаворити за пласман во финалето од Лигата на шампиони.

„Фаворити? Според мене, тоа се Јувентус и Барселона.Сите зборуваат за Роналдо и Меси, но јас би зборувал за Јувентус и Барселона. Ајакс, Порто и англиските екипи се добри, но го немаат истото количество на искуство. Кога ги имаш Роналдо и Меси во составот, тоа дава голем плус“, анализира Мурињо.

Иако засега е надвор од фудбалот, Мурињо најави дека налето ќе се врати како клупски тренер. Засега не е познато за кој клуб мисли Мурињо, но, сепак, сигурно ќе биде многу поинтересно кога повторно ќе биде на клупата покрај теренот.

Лигата на шампионите сезонава е до четвртфиналната фаза. Јувентус игра против Ајакс, а Барселона за противник го доби Манчестер јунајтед. Финалето на ЛШ ќе се игра на стадионот на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“, на први јуни.

- Оглас -

Најнови вести