Конор вели доста е – Мекгрегор повторно се пензионира

Конор Мекгрегор преку својот твитер-профил утринава истакна дека се повлекува од борбите во мешани боречки вештини. Ирецот и во 2016 година се пензионираше од борбите поради неисполнувања на одредени критериуми од УФЦ-организацијата, а воедно и се подготвуваше за егзибицискиот спектакл против Флојд Мејведер (ревијалниот бокс-меч кој се одржа во Лас Вегас во 2017 година).

Иако се чини дека овојпат одлуката е конечна, Мекгрегор вчера беше гостин во едно американско шоу и истакна дека преговарал со организаторите на УФЦ за враќање во октагонот во јули. Сепак, тој додаде дека од финансиска гледна точка нема потреба повеќе да се бори.

Мекгрегор кариерата ја завршува со пораз од Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 229, а најверојатно нема да дочека реванш. Сите се сеќаваат на борбата протв Русинот која се одржа во октомври минатата година. Ирецот сè уште ја отслужува суспензијата која ја доби како казна за немилите сцени кои ги предизвика по самата борба со Нурмагомедов.

За пензијата се огласи и првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, кој посочи дека повлекувањето од борбите ќе му овозможи на Мекгрегор да се фокусира на сопствениот бизнис.

- Оглас -

Најнови вести