Мбапе му пратил јасна порака на Зидан: Однеси ме во Реал Мадрид

Килјан Мбапе игра во блескава форма без разлика дали е тоа во дресот на Пари Сен Жермен или репрезентацијата на Франција. Напаѓачот од кого се очекува да биде во врвот на светскиот фудбал во наредните 10-тина години, побарал да си замине од ПСЖ.

Според најавите, Мбапе веќе имал разговори со својот сонародник, легендарниот Зинедин Зидан, кој сега е тренер на Реал Мадрид. Мбапе му пратил јасна порака на Зидан дека сака да си оди од Париз и сака да го облече дресот на Реал Мадрид.

Не е тајна дека Реал Мадрид сака една супер ѕвезда од ПСЖ, а прашање е дали тоа ќе бидат Нејмар или Мбапе. Шпекулациите се дека Кралскиот клуб ќе плати рекордни 280 милиони евра за доведување на Мбапе во Мадрид. Французинот побарал плата од 15 милиони евра по сезона за играње на „Сантијаго Бернабеу“.

 

- Оглас -

Најнови вести