Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година одигра 1-1 во последниот, трет меч на контролниот турнир во Анталија, Турција. Нашите надежи ремизираа со Естонија, иако ја имаа улогата фаворити. Избраниците на селекторот Боби Милевски поведоа со гол во 26-тата минута, но непосредно пред крајот на првиот дел, Лип израмни на 1-1.
Во второто полувреме, Македонија се обидуваше да стигне до втор погодок, но не успеа. Најдобрата шанса Македонија ја имаше во 84-тата минута, кога беше досуден пенал, но голманот на Естонија успеа да го одбрани, па до крајот остана 1-1.
На турнирот во Анталија, Македонија во првиот меч загуби со 3-1 од Украина, потоа беше поразена од Летонија со 1-0, а сега на крајот може да жали што не беше победена Естонија.