Ноќ за инфаркт, невидени фудбалски драми во Зеница, Осло и Базел

Историска ноќ во квалификациски мечеви за пласман на Европското првенство се одиграа на три различни терени на Стариот Континент.

Европа не памети вакви драми со ист исход на крајот, реми во Зеница, во Осло и во Базел. Веројатно најголмеиот подвиг го приредија Данците на „Сент Јакоб парк“ во Базел, а со три гола од 84-тата минута речиси сигурниот пораз го преточија во големо реми, 3-3.

До 84-тата минута, Швајцарија ги имаше бодовите в џеб, а со головите на Фројлер, Џака и Емболо водеше со 3-0. И потоа тргна данската фурија со невиден епилог и три гола во мрежата на Зомер само за 9 минути. Јоргенсен намали на 1-3, Гиткјаер постигна нов гол во 88-мата минута, а драмата со среќен крај за Данците ја зачини Далсгард со израмнувачки погодок во 93-тата минута.

Слична драма имаше на „Улеви“ во Осло, а таму Норвежаните најпрво прокоцкаа предност од 2-0 со головите на Јонсен и Кинг. Швеѓаните набрзина постигнаа три голови од 70-тата до 90-тата минута, прецизни беа Клаесон и двапати Кваисон, а бод за домаќините во скандинавското дерби спаси Камара со погодок за 3-3 во 97-мата минута.

Слично сценарио имаше и во Зеница, а Грците успеаја да освојат еден бод со реми 2-2 против Босна и Херцеговина. Домаќините имаа сигурна предност до 2-0 со головите на Вишча и на Пјаниќ, но играчот на Јувентус доби црвен картон, што беше знак за Грците да тргнат во офанзива.

Фортунис и Коловос со по еден гол израмнија на 2-2.

Останатите резултати: Италија – Лихтенштајн 6-0, Малта – Шпанија 0-2, Романија – Фарски Острови 4-1, Ирска – Грузија 1-0

- Оглас -

Најнови вести