Повредите на напаѓачите најголем проблем за Солскјер

Ромелу Лукаку најверојатно нема да настапи во следните два меча против Ватфорд и Вулверхемптон за да се избегне ризик да ја обнови повредата на ногата. На тој начин, Белгискиот голгетер ќе биде во конкуренција за настап во првиот дуел против Барселона во ЛШ. Веќе е познато дека Алексис Санчес подолго време се рехабилитира од повреда на коленото, а Оле Гунар Солскјер очекува враќање на терените на Чилеанецот дури кон крајот на април.

Главоболки на норвешкиот стратег му нанесоа и Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал. И двајцата се повлекоа од репрезентативните обврски со Англија, односно Франција поради повреди и засега не се знае дали ќе му бидат на располагање на Солскјер за саботната пресметка (16 часот) против „стршлените“ во рамките од 32-рото коло во Премиер лигата.

Добра вест е што Џеси Лингард во изминативе неколку дена работеше на својата физичка подготвеност, па тој засега е опција да го води нападот на „црвените ѓаволи“. Останатите играчи кои се вратија од повреди се: Ешли Јанг, Хуан Мата и Андер Ерера, како и Лук Шоу.

Манчестер јунајтед по 31 натпревар во англискиот шампионат се наоѓа петтото место со 58 бода, еден повеќе од Челзи, додека заостанува два бода зад четвртопласираниот Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести