Сопственикот на ПСЖ проговори околу иднината на Нејмар и Мбапе

Нејмар и Килјан Мбапе се двајцата најскапи фудбалери во историјата. За Бразилецот беа платени рекордни 222 милиони евра, а 180 милиони евра вредеше доаѓањето на Мбапе. Сега сè почесто се шпекулира дека двајцата може да си заминат од редовите на „светците“, и тоа поради фактот дека на францускиот првак никако не му оди во Лигата на шампионите, која е и главен приоритет.

Крај на сите шпекулации околу иднината на Нејмар и Мбапе реши да стави сопственикот на ПСЖ, шеикот Насер Ал-Келаифи. Тој вели дека не постои шанса двајцата најдобри играчи да си заминат од Париз.

„Не само 100 отсто, туку 2.000 отсто двајцата ќе останат во ПСЖ“, потенцираше Ал-Келаифи. Дека ова е конечно решение на богатиот сопственик на ПСЖ, покажува фактот дека на сезонските билети за следната сезона ги има ликовите само на двајца фудбалери, а тоа се Мбапе и Нејмар.

 

- Оглас -

Најнови вести