Комбинација од фудбал и тенис носи денешниот избор во Супер типот на Sport Life. Возбудувањата ќе започнат со три тениски пресметки на кои „гостите“ се фаворити, па зголемени се „двојките“. Се очекува на победи да се радуваат Бублик (1.49 квота), Давидович-Фокина (1.68 квота) и Мунар (1.41 квота). Од тенисите, во вечерниот термин има два дуела на кои фаворитите со зголемени коефициенти имаат Хачанов и Риера.
Од фудбалите, Сондерјиске да победи на свој терен против Фредерика е со квота од 1.79, а домашниот терен се очекува да го искористат и Висла Плоцк, Дегерфорс, Нанси…
Интересно е дека денешната понуда нуди дури пет меча кои ќе се играат по полноќ и се од првенствата во Јужна Америка.