Една од ретките награди која му недостасуваше на Лео Меси. Погодокот кој го постигна Аргентинецот против Хетафе во 2007 година е прогласен за најдобар гол во клупската историја на Барселона.
Меси на 19 години го направи маестралниот соло продор почнувајќи од средината на теренот, проби низ целата одбрана на Хетафе, го насамари и голманот, па со послабата десна нога во негов стил ја затресе мрежата.
Во финалниот избор беше и погодокот на Меси против Атлетик Билбао во финалето од Кралскиот куп во 2015 година. Двата гола се слични, но сепак, поголемиот дел од навивачите својот глас го дадоа на мајсторијата против Хетафе.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1111281958116605953