Барселона дочека реванш против Будуќност

Барселона иако го потврди своето учество во плејофот, посакуваше реванш против Будуќност и го доби повратниот дуел со конечни 95:83. Избраниците на Светислав Пешиќ им вратија на Црногорците за болниот пораз при првата овосезонска пресметка која во Морача заврши со 67:64.

Барселона го запиша 17-тиот триумф по 29 натпревари во Евролигата, додека Будуќност го претрпе 23-тиот пораз, односно деветти последователен во континенталното натпреварување.

Гостите тргнаа по сензација во „Палау Блауграна“, па по првото полувреме имаа предност од минимални 44:46. Сепак, Барса не дозволи изненадување, па со дополнителен напор ја презеде контролата и до самиот финиш го сочуваа водството.

Ханга со 18 поени беше најдобар во тимот на Барселона, 13 додаде Смитс, додека кај поразените најрасположен беше Николиќ со 25 поени.

Фенербахче славеше на гостувањето кај Армани Милано со високи 90:104 и со тоа ја потврди лидерската позиција на табелата во пресрет на последното коло од регуларниот дел во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести