Англиските обложувалници веруваат дека Солскјер со Манчестер ќе биде првак на Англија

Оле Гунар Солскјер победи на 14 од досегашните 19 меча како тренер на Манчестер јунајтед, што е неверојатен процент од 73,7 отсто успешност. Овие бројки беа доволни за норвешкиот стратег да добие договор и во следните три години тој да ја има улогата на менаџер на најтрофејниот англиски клуб.

Покрај тоа што во Солскјер веруваат челниците на Манчестер јунајтед, на страната на Норвежанецот се и англиските обложувалници. Тие веруваат дека токму Солскјер е тренерот кој ќе ја донесе првата шампионска титула на „Олд Трафорд“, по заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Според најновите коефициенти, речиси трипати поголеми се шансите за следната сезона Манчестер да биде шампион на Англија, отколку Солскјер да добие отказ. За титула на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата коефициентот е 4, додека за отказ на норвешкиот стратег, коефициентот е дури 11. За да остане Манчестер непоразен во преостанатите осум меча до крајот на оваа сезона, коефициентот е 8. Прв тест за тоа е утрешниот дуел против Ватфорд.

Некогашниот соиграч на Солскјер, Гери Невил, му потенцираше дека одбраната е најслабиот дел од тимот и тоа мора да се подобри.

„Кога ќе мисли за засилувања, треба да се фокусира на одбраната. Потребен е стабилен стоперски пар“, советува Невил.

 

- Оглас -

Најнови вести