Ваков жреб сѐ уште немате видено (видео)

Во минатото многу скандали се случувале околу сомнителни извлекувања, односно жребови за фудбалски натпревари. За некои од нив е докажано дека се наместени, за многу други се шпекулира, а до денешен ден се споменуваат и врелите топчиња. Но, ваков проблем во Луксембург не постои, кај нив сѐ е јасно.

Фудбалската федерација на оваа земја одлучи во живо да го емитува жребот на неколку натпреварувања, Куп на резервни екипи, Куп на жени, Футсал куп и Купот на кој треба да играат првите тимови од оваа земја, а сетот беше емитуван преку „Фејсбук“. Кога дојде моментот за главното извлекување, човекот кој беше задолжен да ги извлекува топчињата почна да прави свое шоу.

Имено, тој од садот каде што беа топчињата почна да зема по едно топче по желба, потоа ги мешаше во рака, па ги враќаше во „шеширот“. Изгледа како вистински да се труди да одбере одредени топчиња-тимови. Покрај сето ова, тој заборави дека целото извлекување се емитува во живо, со тоа што човекот е главниот актер во кадарот.

На целосниот циркус посебна нота даде и амбиентот во кој се одвиваше жребот, како и тоа дека ливчињата со имињата на екипите беа ставени во топчиња од киндер-јајца.

 

- Оглас -

Најнови вести