Се појави новиот дрес на Манчестер ј., многу потсетува на тој од шампионската 1999 година (Фото)

Манчестер јунајтед и „Адидас“ од следната сезона ќе ја започнат петгодишната соработка. Случајно или не, денеска се појави дресот кој најверојатно ќе треба да го носат „црвените ѓаволи“ во следната сезона.

Дресот многу наликува на шампионскиот дрес од сезоната 1998/99 кога на „Олд Трафорд“ пристигнаа пехарите од Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампиони. Најголемата сличност е кај амблемот кој е речиси со ист дизајн како тој од 1999 година.

https://twitter.com/utdxtra/status/1111587030390181888

Заедничкото за тој дрес од 1999 година и овој сега е Оле Гунар Солскјер. Пред 20 години, Норвежанецот го даде победничкиот гол во финалето од Лигата на шампиони против Баерн, а Солскјер вчера доби тригодишен договор з да биде менаџер на најтрофејниот клуб во Англија.

https://twitter.com/utdxtra/status/1111585825253453824

 

- Оглас -

Најнови вести