Солсјкер сега е трет најплатен менаџер во Премиер лигата

Оле Гунар Солскјер е дефинитивното решение на Манчестер јунајтед за менаџер, откако Норвежанецот пред два дена се согласи на тригодишен договор со „црвените ѓаволи“. За само неколку месеци Солскјер успеа да поправи сè што Жозе Мурињо урна и расипа во тимот, па раководството одлучид да го награди за успехот.

Позната е и платата на Солскјер, во Јунајтед, норвешкиот стратег ќе заработува 7,5 милиони фунти годишно, што значи дека е трет најплатен меаџер во Премиер лигата. Од него повеќе заработуваат Пеп Гвардиола во Манчестер сити (15 милиони фунти годишно) и Маурисио Покетино во Тотенхем (8,5 милиони фунти годишно).

Тоа значи дека Солскјер со само неколку месеци успешна работа си обезбеди поголема плата од Јирген Клоп, кој за разлика од него во Ливерпул раоти веќе три и пол години и има плата од седум милиони фунти. Следуваат Унаи Емери од Арсенал со 6,5 милиони фунти годишна плата, па Маурисио Сари во Челзи со 5,15 милиони фунти.

Манчестер јунајтед денес (16 часот) на „Олд трафорд“ го пречекува Ватфорд во рамките од 32-то коло во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести